ААВМУ: Медиумите мора да објавуваат, а политичарите да не тужат

„Медиумите се чувари на јавниот интерес и креатори на јавната свест и затоа мора во интерес на јавноста, да објавуваат сеопфатни и проверени информации. Како што е наведено во Декларацијата за слободата на политичка дебата во медиумите на Советот на Европа „правото на слобода на изразување со себе носи обврски и одговорности за кои вработените во медиумите мора да водат сметка“, се вели во соопштението од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.



ААВМУ, по вчерашните најави за тужби од премиерот и министри за еден медиум,  ги повика политичарите да се воздржат и да не ја загрозуваат слободата на изразување..

Агенцијата ја потсетуза луѓето од власта дека со самото прифаќање на функцијата прифатиле да бидат предмет на јавна политичка дебата, а со тоа и предмет на надзор на јавноста и на потенцијално силна јавна критика преку медиумите во поглед на начинот на кој ги извршуваат своите функции.