Арапите се вртат кон Kина,ќе продаваат нафта во јуани наместо во долари

Саудиска Арабија полека се свртува кон Кина – потег што може да ги загрози долгогодишните односи со САД. Саудијците би можеле да се договорат со Кина да плаќаат нафта во јуани наместо во американски долари.



Американскиот „Волстрит журнал“ пишува дека кинескиот лидер Си Џинпинг би можел да ја прифати поканата да ја посети Саудиска Арабија во мај, каде би можел да се договори со најголемиот светски производител на нафта Кина да ја плати нафтата во јуани, наместо во американски долари.

Во услови на геополитички тензии предизвикани од војната во Украина, при што светот полека се свртува на едната или на другата страна, веста ги зголеми стравувањата дека Саудиска Арабија би можела да застане на страната на Русија: Овозможувањето плаќања со нафта во јуани може да помогне да се создаде паралелен систем за меѓународни плаќања во кој кинескиот јуан станува исто толку важен како и американскиот долар. Ова ќе и овозможи на Русија да избегне санкции, бидејќи може да го користи и јуанот.

Јавно Кина остана неутрална во конфликтот, но многу се шпекулира дека ја поддржува Русија, пишува ДВ.

Речиси една четвртина од целиот извоз на саудиска нафта оди во Кина. А од почетокот на оваа година Саудијците го презедоа раководството од Русија како најголем извозник на нафта во таа земја.

Линк до целиот текст.