АА незадоволна од застапеноста на Албанците во МВР


„Јавно го прашуваме министерот Оливер Спасовски зошто сѐ уште немаме нов закон за внатрешни работи и полиција, со кое законско и уставно право се одвива систематизација и унапредување на полицискиот кадар, каде е заменик- министерот Албанец да зборува за ниската застапеност на Албанците во МВР? Го потсетуваме заменик министерот на ДУИ дека процентот на Албанците во хиерархијата на МВР е само 4 отсто“,  велат од Аалијанса на Албанците.



Од Алијансата оценуваат дека нелегално е да се врши систематизацијаво МВР за време пред изборите.

„Бараме работите на МВР да почнат да се регулираат со закон, а не со владини решенија, затоа што ваквата практика го докажува влијанието на партијата врз многу важни државни органи“, како што е МВР.