Алијансата за Албанците внимателно ја следи истрагата и обвинувањата за злоупотреба на земјоделска помош и издавање на државно земјиште на поранешни функционери на Сицијалистичка партија и ВМРО-ДПНЕ во Министерството за земјоделство.
Од таму бараат да одговараат сите што сториле криминал но се загрижени што повторно им се простува на членови на ДУИ кои биле на високи позиции во министерството за земјоделие.
“Ги охрабруваме надлежните органи за нивната работа за разјаснување на вистината преку целосна истрага на поранешни министри и зам.министри, како и други службеници во Министерството за земјоделство.
Сепак, ја изразуваме нашата загриженост како политички субјект што и овојпат истражните органи, Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи, не поднеле никакво обвинение против функционери на ДУИ кои се или претходно биле високи функционери во Министерството за земјоделство, за можни злоупотреби како и нивно учество во коруптивни дејствија во сомневањата по истото обвинение.
Нашите сомневања говорат и за вклученост на функционери на ДУИ во слични коруптивни афери, особено во издавање на државно земјиште, каде што постои сомневање дека функционери на ДУИ и нивни блиски, добиле државно земјиште преку Министерството за земјоделство.
За да правдата и казнивоста не бидат селективни, ги повикуваме надлежните органи да ја вршат нивната работа согласно законот, и да не се прави исклучок за никого кој што злоупотребил државна функција”, се вели во реакцијата на Алијансата.





