По спогодбата на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков за случајот „Империја“, опозициската Алијанса за Албанците прашува кој го спаси поранешниот прв човек на УБК.
„Денеска бевме сведоци и на еден срамен договор меѓу правосудниот систем и еден од криминалците на двата последователни режими, Сашо Мијалков. Додека стотина Албанци добија драконски казни за фрлање јајца на протести, доживотен затвор во монтирани процеси, Сашо Мијалков, кој изгради империја на криминал и корупција, се спаси со само 3 години затвор, рече Незири.
Незири меѓу другото прашува, дали Артан Груби преговарал со Сашо Мијалков, или пак Али Ахмети на тајни средби со амбасадорите на Русија и Србија.





