Протестен марш на Алијанса на Албанците и на Алтернатива кој ќе се одржи идната недела најави генералниот секретар на АА, Арбен Таравари во гостување на ТВ 24.



Маршот би заспочнал од општина Чаир и би завршил пред Канцеларијата на Европската унија во центарот на градот каде ќе се изрази револт поради злоупотребите на волјата на гласачите Албанци на изборите.

„Планираме двете партии, Алијанса и Алтернатива да направиме мирен протестен марш бидејќи ова (полнење кутии) е традиција веќе 18 години и никој не крева глас освен што во првичните извештаи на ОБСЕ/ОДИХР изразуваат жалење попради купување на гласови, поради двојно, тројно гласање и во име на починати лица“, рече Таравари.

Тој рече дека сите тие случаи како приговори беа доставени до ДИК а сега и до Управен суд.