Освен министерствата за здравство и правда, Алијанса за Албанците ќе има и министер за информатичко општество и администрација, дознава МКД.Мк.
Нов министер за здравство би бил инфектологот Фадиљ Цана, а за правда Кренар Лога, актуелен член на ДИК.
Преговорите со Алијанса за Албанците за приклучување и на оваа партија во владината коалиција се завршени, а сега се чека одговорот на Алтернатива, по што би требало да се објават и официјалните информации за новата коалиција и за новите кадровски поместувања.
Министерот за здравство Беким Сали, кој е од редовите на Алтернатива денеска изјави дека до нив сè уште нема пристигнато конкретен предлог за да може партијата да ги дефинира своите позиции во идната влада.
Алијанса за Албанците успеа да испреговара и неколку раководни позиции во УЈП, финансиска полиција, царина…






