АА: Арифи ја злоупотребува општинската администрација

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива тврди дека градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи ја злоупотреба власта и го крши „Договорот за фер и демократски избори“.



„Во текот на вчерашниот ден, Госпоѓа Теута Арифи под влијание на притисокот што го вршеше кон вработените во општинската администрација, ги изнела вработените да учествуваат во кампањата и тие беа употребени за изборни цели. Ја информираме Госпоѓа Арифи дека злоупотреба на службената функција, злоупотреба на надлежностите дадени од општината и злоупотреба на општинските ресурси се забранети и за ова кривично ќе одговарате. Вашите неуспеси се очигледни и за тоа Вие ќе ја добиете “заслужената казна од народот“ – велат од коалицијата.

Оттаму додаваат дека Арифи не може да ги користи административните службеници на општината за да ја води кампањата.

„Вие веќе сте напуштени од граѓаните поради вашето неработење и вашата неспособност, поради корупцијата и криминалот, Вие нема да најдете засолниште во злоупотребата на вработените во администрацијата. Ние од коалицијата “Алијанса за Албанците и Алтернатива“ ве предупредуваме и апелираме да ги тргнете валканите раце од аминистрацијата!“ – се додава во соопштението.