Коалицијата Алијана за Албанците и Алтернатива е одлучна, Законот за државјанство треба да биде усвоен, во спротивно тие се враќаат на блокадата на Собранието и упатија порака до премиерот:
„Апелираме до премиерот сериозно да го сфатат ова прашање во неговата партија и од коалиционите партнери, за ова прашање да биде усвоено што побрзо. Во спротивно, убедени сме дека ќе мора да продолжиме со процесот на блокирање со кој го условуваме политичкото мислење, работите да дојдат на вистинското место. Собранието да го усвои законот за државјанство и да ги реши проблемите на луѓето засекогаш. Ние нема да дозволиме никој да си поигрува со Законот за државјанство”, пренесува Алсат.
Предлог законот за државјанство усогласен меѓу АА/А и Владата предвидува олеснување на постапките за добивање државјанство со официјален документ или преку натурализација.
Предлогот во моментов е во Комитетот за одбрана и безбедност во фаза на амандмани, а Левица и ВМРО ДПМНЕ 3 дена по ред го блокираат нивното читање со процедурални говори.







