Од Коалицијата Алијанса-Алтернативаа ја прозваа ДУИ да не молчи за скандалот со издавање лажни пасоши на странски државјани, додека лица што со години живеат во земјава не можат да добијат државјанство, пренесува 360 степени.



„За коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива е помалку важно дали пасошите се издадени во времето на СДСМ, како што вели Мицкоски, или во времето на ВМРО-ДПМНЕ, како што вели Заев.

Но една работа е сигурна – дека ДУИ беше таму цело време за да им овозможи издавање пасоши на криминалците додека Албанците ги остави без државјанство“, велат од Алијанса за Албанците.

Тие апелираат до меѓународниот фактор, ЕУ, НАТО и САД, да извршат притисок врз владините структури, борбата против криминалот и корупцијата и недозволената трговија со наркотични средства да почне од главните во полицијата, обвинителството и судството. Според опозициската коалиција, поддршката и заштитата на бандите доаѓа токму од одредени лица од сегашната влада.