А1ОН: Фирмата основана од Ковачевски и неговиот кум може да добие милиони од владата како државна помош (ВИДЕО)

Фирма основана од Ковачевски и неговиот кум може да добие милиони од владата како државна помош за милионска инвестиција во Слободната трговска зона во Тетово.



Ова во анализа го тврди порталот А1ОН кој предходно објави дека компанијата Пиксел Груп основана од Ковачевски и неговиот кум добиле огромни пари од владата како државна помош а добива и огромни тендери од власта.

Пред само две недели expres.mk објави дека фирмата основана и од Ковачевски доби нова помош од Фондот за иновации а сега се зборува за милионска државна помош за проектот во Тетово каде формално не се споменуваат имињата на кумот на премиерот и самиот Ковачевски.

Премиерот предходно објави дека се повлекол од уделот во фирмата Пиксел Груп кога допол на владината позиција но малку кој верува дека тој нема да влијае на давање на државна помош вредна милиони на фирмата што ја основал а сега е дел од конзорциумот на инвестицијата во Тетово.

Сторијата на А1ОН е објавена еден месец откако американската амбасадорка во Скопје Ангела Агелер најави безпоштедна битка со корупцијата.