Пациент кој тестира за оронавирус во државна лабораторија бил шокиран кога во извештајот од тестот видел колку Министерство за здравствво го наплаќа тестот. Иа граѓаните не плаќаат ништо од свој џеб, Министерството од Фондот за здравство наплатува 4.950 денари, открива А1.Он.
Ова е три пати повеќе од цената на тестот во Клиниката „Жан Митрев“ каде чини 1.500 денари, и дури 4 пати поскапо од „Аџибадем Систина“ каде тестот за коронавирус чини 1.200 денари каде граѓаните плаќаат од свој џеб.
А1.Он објави и фактура од извршеното тестирање во Центарот за јавно здравје –Скопје, но не успеа да добие одговор зошто е толкава разликата во цените.




