Фејсбук му го блокира профилот на претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, кој вчера нудеше 200 евра за тој што ќе го открие идентитетот на полицаец од граничниот премин „Деве Баир.



Тој за А1он изјави дека го нема најдено се уште името на полицаецот, но и дека ќе продолжи да го бара за да го тужел.

Министер од СДСМ го откри името на полицаецот

„Блокиран сум затоа што го поставив неговото лице. Тие имаат таква политика за приватност. Во ред е, нема проблем. Згора на тоа во коментарите имаше пцовки од двете страни. Овој полицаец им се заканувал со смрт на тројцата уапсени бугарски државјани и го објавуваме неговото име за да се поднесе тужба против полицаецот“, вели Стојанов.