Порталот А1.Он реагира на денешното соопштение на директорката Лидија Димова која тврди дека Националната агенција не финансирала фризерница, туку претпријатието „Вредност на европско знаење“, со скратен назив В.Е.З. Трејд, кое пак по некоја случајност е на иста адреса каде што сега има фризерница.
Проверките, покажаа дека претпријатие со назив „Вредност на европско знаење“ во Централниот регистар не постои. Постои само претпријатие со назив В.Е.З. Трејд, а за тоа што претставува кратенката, не можеме да претпоставуваме, со оглед на тоа што долгиот назив на компанијата е Друштво за трговија и услуги увоз-извоз В.Е.З. Трејд ДООЕЛ Скопје, со приоритетна дејност „фризерски салони и салони за разубавување“ пишува во реакцијата на А1.ОН на соопштението на Лидија Димова која најави тужба против овој портал.
Од Редакцијата на „А1он“ најостро реагираат на хајката, како што велат, што ја спроведува директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.
Наша обврска како новинари е да отвораме прашања кои се од јавен интерес, а во случајов постојат сериозни сомнежи за злоупотреби, за што редакцијата на „А1он“ ќе стапи со надлежните институции во Брисел.








