А1.Он: Бугарска фондација отвора онлајн медиуми во Македонија!?

„Фондација Македонија“ од Бугарија, планира да инвестира голема сума на средства во пет нови медиуми во Македонија, објави А1.Он.



Со помош на донации од активисти, во организацијата собрале средства за да отворат пет македонски онлајн медиуми во Македонија кои според него ќе бидат мост на пријателство помеѓу двата народи, открива првиот човек на фондацијата, Виктор Стојанов за „А1он“

„Имаме два медиуми во моментов, подготвуваме уште три и сите тие ќе бидат онлајн – најави Стојанов за „А1он“.

Организацијата планира да отвори и ТВ-студио во кое ќе се снимаат видеа, подкасти и интервјуа кои ќе се емитуваат само на интернет платформите.