АВМУ издаде дозвола: Компанија на Владиката Петар отвора приватна ТВ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на седницата одржана во понеделникот, издаде дозвола на компанијата „Преобразба“, за отворање телевизија на Преспанско пелагонискиот владика Петар.



„Советот на Агенцијата донесе Одлука за доделување дозвола за телевизиско емитување на програмски сервис со претежно забавен општ формат, на македонски јазик, на подрачје на регионално ниво Скопје,  на правното лице Друштво за производство туризам промет и услуги ПРЕОБРАЗБА ДООЕЛ Скопје. Телевизискиот програмски сервис ќе се емитува преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс“, се наведува во одлуката на АВМУ ТЕЛОП.

Компанијата „Преобразба“ е основана на 25 август 2021 година, со основачки влог од 300.000 денари.