Скандал: Исказот на Кичеец за „Рекет“ на продажба

Одбраната на Бојан Јовановски-Боки 13, добила понуда од непознато лице, за пари да го добие исказот на Зоран Милевски Кичеец, вотороосомничен во предметот ,, Рекет,“, дознава Телма.



Случајот бил пријавен кај обвинителката Вилма Русковска која го води предметот. Исказот на Кичеец е, засег,а непознат за адвокатите  на Катица јанева и Бојан Јовановски бидејќи Обвинителството реши да не им биде даден на увидот во доказите овој исказ.

Во врска со ова, Обвинителството дало налог да с епроверат камерите во Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција за да се утврди дали исказот е изнесен од оваа зграда.

Претходно ,,протекоа,, исказите на Орце Камчев и уште еден сведок кој бил сослушан во врска со предметот Рекет. Се уште нема одговор на кој начин излегуваат ваквите документи од истрагата.