ПОА на Јован Вранишковски ќе се претопи во МПЦ-ОА!?

Синодот на МПЦ-ОА, утре во полн состав, треба да донесе историска одлука за обединување на МПЦ-ОА и ПОА, со што треба да се финализира договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА, дознава Религија.мк.



Порталот дека е постигнат начелен договор со СПЦ околу тоа како да бидат интегрирани владиците на ПОА во МПЦ-ОА и кои епархии ќе им бидат дадени.

Заокружувањето на тој процес ќе значи и формално згаснување на ПОА и нејзина итеграција во МПЦ-ОА, што ќе биде историски чин на обединување кон конечната цел полноправо признавање на МПЦ-ОА како автокефална црква.

Повикувајќи се на добро упатени извори Религија.мк дознава дека сите четворица владици на ПОА ќе добијат епархии, кои ќе бидат создадени со прераспределба на постоечките што ги има МПЦ-ОА.

Јован, кој сега има титула Архиепоископ Охридски и митрополит Скопски ќе ги добие на управување Демир Хисар и Крушево, заедно со Нижеполе, каде веројатно ќе биде седиштето на новата Епархија.

Митрополитот Петар кој раководи со Преспанско – Пелагониската епархија во синоќешната Топ Тема рече дека нема договор за ова само што прашањето на барање на српскиот ариепископ Порфириј им било оставена да го решаваат, а тој е подготвен да помогне во тоа

повеќе