Телма: 11 заразени со Ковид-19 во болница во Куманово

Во болницата во Куманово има 11 здравствени работници за кои во изминитатите 24 часа е потврдено дека се заразени со коронавирус, дознава Телма, а информацијата ја потврдила и директорката на болницата Снежана Захариева.



Според информациите на Телма медицинарите од рендген се заболени во болницата каде веќе имаше позитивни случаи на пациенти.

Двајца од заболените биле во Холандија и цело време биле во карантин, а и уште едната заболена најверојатно се заразила од нејзиното семејство и веднаш кога се појавиле симтомите била испратена дома. 

Останатите најверојатно се заразени на работното место.