„Авганистанците, кои бегаат и дел од кои треба да бидат засолнети во Албанија и Косово, бегаат од Авганистан, оти се плашат од народната правда, исто како и Албанците, кои ја поддржаа нацистичка Германија за време на Втората светска војна и кои избегаа заедно со нацистите, и тие плашејќи се од народната правда во тоа време. Тие Авганистанци треба да останат во Авганистан и треба да го убедат нивниот народ дека не се негови предавници.“ – ова е ставот на Дилавер Гоџај, пензиониран поранешен полковник на албанската армија и предавач во високи воени школи во оваа држава, а потоа и доброволец во косовската ОВК и член на нејзиниот Генералштаб. Гоџај го изнесува ова мислење во својата колумна под наслов „Едно прашање за Блерим Љатифи“, објавена во косовоскиот весник на албански јазик „Бота сот“.
Гоџај пишува: „Весникот ‘Бота сот’ објави колумна на проф. Блерим Љатифи, кој јавно упати апел Албанија и Косово да им дадат засолниште на Авганистанците, што бегаат од Авганистан, пишувајќи: ‘Давајќи им засолниште на Авганистанците, Албанија уште еднаш докажува дека стои поврзана силно со алијансата против тероризмот и идеологиите што го хранат. Во овој случај Косово треба недвосмислено да го следи примерот на Албанија.“
Полковникот Гоџај дополнува: „Премиерот Еди Рама прифати да ги засолни Авганистанците, без воопшто да ги праша Владата ниту Парламентот, а вие упатувате повик и премиерот на Косово Албин Курти да постапи слично. Авганистанците, кои предложувате да бидат засолнети во Косово и во Албанија, не се протерани од никакви освојувачи, па да бидат наречени ‘незаштитени’, туку бегаат по нивно барање, бидејќи биле против оние воени талибански сили, што го ослободија Авганистан од поранешниот Советски Сојуз, а сега се плашат од правдата на авганистанскиот народ.“
„Авганистанците кои бараат засолниште во Косово и Албанија се исто како и Албанците, кои ја поддржаа нацистичка Германија за време на Втората светска војна и кои избегаа заедно со нацистите, плашејќи се од народната правда. Што значи дека тие Авганистанци се чувствуваат самите како виновници. Затоа, нека останат таму, во Авганистан, и нека го убедат нивниот народ дека не се негови предавници.“ – заклучува во својата колумна овој поранешен висок офицер на албанската армија, искажувајќи го своето несогласување Авганистанци да бидат засолнети во Албанија и Косово.
Извор: https://www.botasot.info/opinione/1649359/nje-pyetje-per-blerim-latifi/







