Откако Твитер трајно го забрани налогот на се уште американскиот претседател Доналд Трамп, неговата противкандиудатка на изборите во 2016, Хилари Клинтон повторно го сподели својот твит во кој го уште во 2016 повика Трамп да го затвори својот профил на Твитер.
Овој пат, таа додаде црна ознака за штиклирано (Извршено, точно)
По блокирањето на акаунтот, Трамп изјави дека планира да воспостави своја социјална мрежа.
„Твитер не е за слобода на говор“, напиша Трамп во сега избришаните твитови и ги повика неговите 2,3 милиони следбеницида го следат на профилот на Парлер, популарна социјална мрежа меѓу конзервативците.






