Македонец од Мала Преспа бара спас за Преспанско, овде – молк

„Експрес.мк“ деновиве објави дека во албанскиот парламентт се отвора расправа за драматичната состојба со исчезнување на „Преспанското Езеро“.



По барање на Васил Стерјовски, пратеник од единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), на пленарна седница на албанскиот парламентот, се најде прашањето за состојбата со алармантниот пад на водата во Преспанско Езеро.

„На мое барање, во албанското Собрание министерот за туризам и животна средина, Бленди Клоси да даде објаснување какви мерки превзема министерството, тука вклучително и во соработка и со надлежните институции на Македонија и Грција за да се спречи алармантниот пад на водата во Преспанското Езеро и еколошката катастрофа што му се заканува. Од 2018 до денес езерото е повлечено најмалку 200 метри. Преспанското Езеро ги спојува териториите на Албанија, Македонија и Грција и претставува проблем што ги зафаќа сите три држави кои го делат брегот на езерото и треба да се преземат заеднички активности за да се забави оваа природна непогода, напиша на својот ФБ профил, пратеникот Стерјовски.

На еколошката катастрофа што му се заканува на Преспанско Езеро, од албанска страна, алаармираше и Македонското друштво „Илинден“ од Тирана.

„Што е направено од наша страна? Ништо! Нулта Точка! Зеро!“ пишува порталот „Либертас“