Катица Јанева, е во постабилна состојба и утре најверојатно ќе биде префрлена во затворот во Шуто Оризари, дознава „Фокус“.
Јанева веќе 4 дена е на болничко лекување во „Филип Втори“, каде е хоспитализирана поради влошена здравствена состојба – висок крвен притисок и прединфарктна состојба.






