Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во пресрет на претстојниот Самиот на шефовите на држави на 17-18 октомври во Брисел, вели дека до крај ќе биде неизвесно.
„ Се уште немаме став од Франција, имаме различни позиции на Франција и дилеми во однос на воведување на новата методологија за преговори и кога таа би се вовела, дали пред или после започнување на преговори, така да, оптимист сум но сепак со голема резерва поради неизвесноста што ја наметнува оваа недефинираност на позицијата на Франција до последен момент“, вели Османи за Детектор на ТВ Сител.
Коментирајќи ги очекувањата на граѓаните Османи вели дека ја разбира нивната резервираност поради лошото искуство кога станува збор за очекувањата за старт на преговорите.




