„Заев сакаше да го замени македонскиот јазик. Европа го откри и го стопира“, е насловот на новиот текст италијанскиот весник „Ла Верита“ за Македонија.
Во продолжение целиот текст:
„Во Македонија по летните објави на ‘Ла Верита’ за непобитните докази за корупција во Владата, почнува да се урива ѕидот на прикривањата (на делата) и стравот што ја задушуваше нацијата.
Многу бизнисмени собираат храброст да го пријават уценувачкиот систем формиран за време на владеењето на Зоран Заев, а од ден во ден тој има сè поголеми тешкотии во однос на контролирањето на настаните што се акумулираат на какофоничен начин.
Последниот удар на неговиот, речиси минимален, меѓународен углед што му остана, но најмногу на стабилноста на неговата коалиција, ќе му дојде од извонредно демократската институција на стариот континент, односно од Венецијанската комисија.
Официјално номинирана како европска Комисија за демократија преку правото, таа е орган на Советот на Европа формиран од независни експерти што доаѓаат од повеќе држави. Сред корупциски скандал, Заев побара од Комисијата да го провери функционирањето на владеењето на правото во Македонија и да го оцени Законот за двојазичност донесен во 2018 година.
Законот за двојазичност, со кој албанскиот по важност станува еднаков со македонскиот, иако албанскиот етникум е малцинство во државата, ја претставуваше основата на договорот за коалиција со албанската партија ДУИ, со којашто Заев успеа да дојде на власт во 2017, но најбитно, тоа беше првиот чекор за социополитичката деконструкција на Македонија и на принудната промена на името.
Македонија да се направи и албанска држава, како што известивме изминативе години во нашиот весник, е начин за олеснување во иднина за потенцијалното регионално сценарио базирано на Голема Албанија, што овие денови со победата во Косово на Албин Курти, поддржувач за обединување со Албанија, станува сè пореална стратешка опција на масите во многу кабинети.
‘Ла Верита’, ексклузивно, успеа да дојде до сè уште необјавениот нацрт-извештај подготвен од Венецијанската комисија. Во тие 25 страници од документот од 27 септември критиките кон реформата посакувана од Заев се жестоки, иако е користен дипломатски речник.
Меѓународните експерти, конституционалисти и експерти за заштита на малцинствата, новиот закон за двојазичност го оценуваат не само како непотребен, туку и како штетен.
Според Комисијата, со оглед на тоа што Уставот на Македонија гарантира права за употреба на јазиците кои не се мнозински, дека со Охридскиот договор од 2001 година употребата се шири во сите општини со најмалку 20 проценти од населението припадник на малцинство и дека стариот закон за јазици од 2008 година се грижи за имплементацијата, констатира дека во случај последниов да се применува коректно, е повеќе од доволен за европските демократски стандарди.
Во 30 од 80 општини во државата, вклучително и во главниот град Скопје, албанскиот е веќе сега де јуре официјален јазик.
Исто така, член 48 од Уставот ги гарантира сите политички, социјални и културни права за немнозинските заедници.
Парадоксално, Комисијата, повикана од Заев со цел да го забетонира неговиот кредибилитет и да го потврди постоењето на владеење на правото во Македонија, го обвинува премиерот дека не го почитувал токму владеењето на правото, не земајќи го предвид широкиот опсег на уставноста, донесувајќи нов закон без соработка со опозицијата, односно по скратена постапка во Парламентот без консултација со граѓанското општество.
Експертите во параграфот 33 од извештајот отворено го осудуваат тој начин на постапување бидејќи во игра се многу поголеми права отколку самото преживување на Владата.
Извештајот исто така, во точка 39, забележува дека Законот не ги почитува легалните потребни критериуми за транспарентност, дека е напишан лошо, често на контрадикторен начин или дури противуставно.
Соочувајќи се со реалноста на фактите, Комисијата ги отфрла изборите на Заев, поддржувач на отвореното општество протежирано од Џорџ Сорос.
Венецијанската комисија всушност забележува дека е апсурдно да се помисли дека целата државна структура би можела да функционира во состојба на целосна билингвалност во случај кога едната популација што зборува еден од јазиците е малцинство.
Земајќи го за пример судскиот систем, експертите го оценија законот како лудост што ќе го колабира системот, односно до исчезнување на минималните гаранции за владеење на правото. За да може да стане дефинитивен, односно јавен, извештајот требаше да биде дискутиран од претставници на Советот на Европа и на македонската Влада на 10 октомври во Стразбур. Зоран Заев, во обид да го прикрие меѓународниот политички удар, и со цел да избегне криза во Владата со Албанците, забрани на кој било македонски претставник да присуствува на состанокот.





