Најголемата опозициска партија го менува својот статут според се укинува функцијата почесен претседател, соопшти актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ,.Христијан Мицкоски, во емисијата „24 Отворено“.
Почесен претседател во моментов е Никола Груевски, кој доби азил во Будимпешта.
„Во моментов статутот се разгледува на Извршен комитет, а потоа и на Централен комитет. Ова е во согласност со статутите на сестринските партии и се прави заради демократизација. Ги повикувам и другите партии во Македонија да го сторат тоа“, рече Мицкоски.





