Не дава исказ за „Рекет“, Јанева ќе се брани со молчење

Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, нема да дава исказ пред обвинителката Вилма Русковска за истрагата „Рекет“, односно одлучила да се брани со молчење.



„Јанева ќе го искористи правото да не дава исказ во оваа фаза на постапката“, изјави адвокатката Ирена Фрчкоска за „Фокус“.

Во наредните неколку дена се очекува Апелација да одлучи и дали Јанева ќе излезе од притвор, а наскоро се очекува и обвинителката Рускосковска да го поднесе обвинението за „Рекет“.