Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци му реплицира на пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, според кој „да веруваш дека некој им ветил на арачиновци оти ќе се вработат 300 пилоти е исто како да веруваш дека Мицкоски некогаш ќе стане премиер“.



„Изјавава на Мухамед е иста ко да верува некој дека Зоќе во 2020/1 година пак ќе биде премиер.
Него дечки, арачиновци ве зезаат малку повеќе, пошто им ветивте сешто за гласови. Не приметувате изгледа.
Ве праат лом, пошто немате авиони, камоли пилоти.
Али, имате воз кој се клацкал, цитат Заев.
Не сте им ја сфатиле поентата.
Изгледа во 2016-та, мислевте, така лесно се добиваат гласови од нив“, напиша таа на Фејсбук.