Пратеникот Артан Груби експресно реагираше на изјавата на премиерот Зоран Заев дека политичарите понекогаш тропаат глупости.



„Заев зборува за мене, но и за себе“, рече како одговор на прашање како ја коментира изјавата на Артан Груби дека законот за јазици е услов за мир.

„Очигледно изјавата на премиерот се однесува на него, затоа што зборува за себе. Сметам дека тоа е момент на саморефлексија и на зачестена самокритика којашто често е проследена со извинување. Лично сметам дека тоа е доблесна особина на саморефлексија и самокритика – вели Груби.