На снимањето на шоуто „Твоето лице звучи познато“ пејачот Даниел Кајмакоски покажал вкрстени раце, што предизвика лавина реакции во српската јавност.
Се оди дотаму што се бара Кајмакоски да биде протеран од Србија.
Тој, пак, вели дека воошто не покажувал двоглав орел, туку дека ги покажувал ноктите кои биле дел од неговиот сценски настап, пренесува Пресинг.ТВ.
На Балканот двоглавиот орел се поврзува со знамето на Албанија. На меѓународен план го „прославија“ швајцарските фубалери со албанско потекло, а потоа го прифатија и политичарите.





