Бојан Јовановски, утре ќе биде спроведен на распит од затворот „Шутка“ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, потврдија за Плусинфо од обвинителството.
Денес истекува и рокот од 15 дена за увид во доказите и предлагање докази од одбраната на Јовановски во случајот „Рекет“.
Боки 13 во петокот во Апелацискиот суд Скопје бараше укинување на притворот повикувајќи се на тоа дека истрагата од страна на обвинителката Вилма Русковска е завршена, но и на , како што тврдеше, сериозно нарушеното здравје.





