Река: Лавината што тргна од Приштина ќе продолжи и кон Скопје

Победата на движењето Самоопределување на Албин Курти на косовските избори е лавина која ќе ги стигне сите делови на регионалниот корумпиран картел, порачува професорот Блерим Река.



Тој уште пред два месеци ја најави победата на Курти пред корумпираните власти на Косово а сличен развој на настаните предвидува и за Македонија и другите земји во регионот.

Според Река победата на Курти е и поради барањето на САД, кои почнале глобална војна против корупцијата, да не се гласа за корумпирани политичари.