Британската кралица Елизабета Втора бара нов коњушар, а за оваа работа нуди 25.000 евра месечно, како и бесплатно сместување во Бакингемската палата.
Сето она што спаѓа во должноста на коњушарот се вообичаените обврски. Потребно е да се хранат, чистат и одржуваат коњите.
Тој мора да знае да јава и да управува со кочиите. Покрај тоа барање стои објаснувањето дека идниот коњушар ќе присуствува на сите церемонии што ќе се одржуваат.
И на крајот, кралското семејство истакнува дека сака личност од доверба која е подготвена да даде сè од себе за коњите да изгледаат и да бидат што подобри кога ќе ги изведат во јавност.





