Владин функционер во Македонија се пофали дека гласал на косовски избори

Функционерот на ДУИ, Измит Нура, кој е заменик директор во Агенција за млади и спорт, денеска се пофали дека гласал на предвремените избори во Косово.



Нура, кој директорува во Македонија и добива пари од македонските даночни обврзници, денеска како граѓанин на Косово го остварил своето граѓанско право без воопшто да се крие дека гласа во туѓа држава.

Нура е некогашен член на 112. бригада на ОНА, „Мујдин Алиу“.