Саудиска Арабија воведе нов режим за привлекување туристи кој, меѓу другото, ќе им овозможи на странците – мажи и жени – да спијат во иста хотелска соба заедно.



Новината во конзервативното муслиманско кралство ќе овозможи и жените, вклучувајќи ги и Саудијките, да можат сами да изнајмат хотелска соба.

Мерката ќе овозможи жените со машка придружба полесно да патуваат и невенчаните странски посетители да останат заедно во таа земја, каде што со закон е забранет вонбрачен секс.

Сепак, за саудиските граѓани ќе има ограничувања: „Од сите саудиски државјани се бара да покажат семејни сертификати или доказ за сродство при проверка во хотели. Ова нема да се бара од странските туристи. Сите жени, вклучително и Саудијките, можат да се пријават и да останат во хотелот, сами, со лична карта за проверка “, соопштија од Саудиската комисија за туризам и национално наследство.

Саудиска Арабија минатата недела ги отвори своите врати за странските туристи од 49 земји, обидувајќи се да го подобри секторот и да ги зајакне другите извори на заработка, така што ќе се потпира не само од заработката од извоз на нафта.