Неколку стотици демонстранти се собраа на плоштадот Синтагма вчера во Атина, извикувајќи „Американци, убијци на народот“ во знак на протест против посетата на американскиот државен секретар Мајкл Помпео и измените на одбранбениот договор меѓу двете земји, кој се однесува на американските воени бази во Грција.
Група демонстранти, кои се движеа кон американската амбасада во Атина, се судри со полицијата, која употреби солзавец за да ги растера.
Тие носеа транспаренти со натписи „Помпео оди си дома„ и „НЕ за договор на Грција и САД“.
Во текот на посетата на Грција, Помпео рече дека односите на двете земји никогаш не бил посилни и порача дека е уверен дека Грција може да биде столб на стабилноста во регионот.
„Грција може да игра важна стратешка улога во регионот“ и „може да биде столб на стабилноста“, рече Помпео, кој се состана со премиерот Киријакос Мицотакис.
Покрај разговорите со Мицотакис, кој е на власт од јули, Мајк Помпео ќе се сретне со својот грчки колега, Никос Дендиас, и министерот за одбрана Никос Панајотопулос.




