На кого ли се угледале во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) при креирањето на новото мото на владеачката партија „На прав пат“?
Покрај со хрватската Социјалдемократска партија (СДП), која на претседателските избори во 2009 година настапи со слоганот „Да тргнеме во вистинскиот правец“, новото мото на СДСМ има сличност и со српската Демократска странка (ДС).
Партијата што ја основа убиениот премиер Зоран Ѓинѓиќ и од чии редови беше поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, 20-годишнината од своето постоење во 2010 година ја прослави со слоганот „Србија на прав пат“.





