Зеленото светло за НАТО и очекуваната одлука за започнување преговори за пристапување на Македонија во ЕУ ги зацврстија позициите на историчарите во заедничката комисија со Бугарија, вели рвиот човек на бугарскиот тим во заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни  прашања.



Ангел Димитров, во гостување на БНР  вели дека зацврстувањето на ставот не е од професионални мотиви и дека во Скопје сметаат дека можат да прават што сакаат.

„Има враќање на стара позиција , како што гледате, Бугарите навистина нè сакаат и тие ќе ни помогнат, но ние ќе го правиме она што го сакаме“, вели тој.

Димитров рече дека не очекува „којзнае што“ од следниот состанок на комисијата, закажан за 14 октомври, откако последната средба беше „непродуктивна“.

Според професорот Димитров од бугарска страна ќе бидат направени сите напори за да  разберат македонските историчари дека не се ставовите на јавноста тие што треба да влијаат врз нивните одлуки, туку врз нивната одговорност.