Околу 1,8 тони генетски модифицирана марихуана е откриена од турската полиција во две комбиња со албански сообраќајни ознаки, јави тиранската телевизија Ора њуз.



Во, според турски м едиуми, во „супер акцијата“ биле приведени вкупно девет лица, од кои двајца се странци, но не даваат информации од која земја се.

Марихуаната била пронајдена спакувана во вреќи, скриени меѓу текстилни материјали во комбињата кои доаѓале од Албанија.

Истрагата на турската полиција за сузбивање на оваа криминална група за трговија со дрога од Албанија во Турција започнала пред шест месеци.