Германија предложила Европската унија да ги започне преговорите за пристапување на Македонија до крајот на оваа година, објави „Ројтерс“.
Давањето зелено светло за отворање разговори го поздрави министерот за надворешни работи, Хајко Мас.
Берлин, во принцип се согласи дека и Албанија исто така треба да започне преговори, но не прецизираше одреден датум.
Министрите за надворешни работи на 28 земји на ЕУ се очекува да разговараат за ова кон средината на октомври. Се очекува да се постигне компромис меѓу земјите што бараат европска интеграција на Западен Балкан и порезервираните членки на Европската унија како Франција, Холандија и Данска.
Бугарски медиуми јавуваат дека Софија најави дека нема да ја запре Македонија на патот кон преговори, но поддршката нема да биде безусловна поради несогласувањата околу историјата.
Министрите за внатрешни работи треба да ја дадат својата одлука на 15 октомври, а лидерите на земјите-членки ќе се состанат два дена подоцна.




