Боки 13 останува во притвор откако денеска
Апелација не ја прифати неговата жалба да му се укине мерката притвор на првоосомничениот во аферата „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13.
Јовановски лично и одбраната вчера бараа да се земат предвид како олеснителна околност и можност за пуштање во домашен притвор тоа што истрагата за „Рекет“ е завршена како и влошената здравствена состојба на осомничениот.
Адвокатите најавија и жалба до Основниот кривичен суд откако му беше продолжен притворот по вторпат.




