Преговараме со земја во која живеат нашите сонародници, иако нивната политичка елита е збунета и не сака да ја признае вистината. Ова е дополнителен фактор кој ги забавува и ги спречува преговорите, изјави денеска бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во врска со „кризата“ во работата на заеднчката Комисијаа за историски и образовни прашања.
Тој вели дека Македонците уште не го прочитале отец Пасиј (бугарски преродбеник од македонско потекло) и упати прашање: Зошто се срамите да бидете Бугари“.
Карачанов, како што пренесуваат бугарски медиуми, во овој контекст рекол дека „кога го воспитувате братот, се обидувате да не користите најдебел стап“.




