За Владата, еден медиум е безбедносна закана за Помпео

Редакцијата на „Инфомакс“ не може да ја следи посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео затоа што владата ја прогласила за безбедносен ризик, тврди уредникот на медиумот Александар Митовски кој заедно со снимателот и репортер Борислав Стоилковиќ биле одбиени за акредитација за утрешната посета.



Официјалното образложение за посетата на државниот секретар на САД Мајк Помпео во Охрид е дека порталот бил безбедносен ризик.

“Се додека можеа да се справат со прашањата, да релативизираат и манипулираат со одговорите немаше никаков проблем. Напротив, бевме супер и во прилог на власта да прикаже привид на слобода на медиуми. Демек, еве овие од „Инфомакс“ не прават „салата“ – како што тврдеше премиерот – а ние и пуштаме на пресови. Но, во моментот кога прашањата станаа сериозни, индицираа на вмешаност токму на премиерот во најголемата корупциска афера во историјата на независна Македонија, тогаш станавме безбедносен ризик”, пишува во реакцијата на порталот од каде информираат:
” Немаше проблем кога баравме акредитации за Папата, немаше проблем кога баравме акредитации за Столтенберг. Далеку повисоко профилирани јавни/политички фигури во светски рамки. Но сега, намерата е „Инфомакс“ да се изолира. Ок”.

Инфомакс во реакцијата зборува и за сомнителни суми дадени за црковни цели.

Целата реакција на овој линк