Бојан Јовановски – Боки 13 во Апелацискиот суд во Скопје каде на јавна седница бараше да му се укине притворот како првоосомничен во случајот „Рекет“, предупреди дека неговата здравствена состојба е животно загрозувачка.
„Покрај ова што го наведов за двете неуспешни операции со лекарска грешка е утврдено дека нерв од желудникот ми е пресечен, утврдено е и дека имам некаков проблем со белите дробови. Имам и 4 дијагнози утврдени кои се однесуваат на кичмениот дел. По многу од укажаните упатствија на лекарот за примање терапија, условите каде се наоѓам не го дозволуваат тоа. Она со што сакам да ве запознаам е дека тоа што немам физички проблем и што можеби изгледам добро не ја отсликува мојата здравствена состојба која е живогнозсгрозувачка. Јас во оваа постапка треба да бидам жив и здрав, а не мртов“, рече Боки 13.




