Франција не е оптимист за старт на преговори со Македонија, што ќе каже Макрон?

Ставот на Франција за старт на преговори со Македонија и Албанија не е променет во однос на јуни, дознава Агенцијата Европа,
која се повикува на дипломатски извори во Советот на ЕУ.



Според Агенцијата „неколку земји“ сѐ уште имаат резерви за отпочнувањето преговори со двете земји. Франција и Данска немаат сѐ уште став, но „Франција не покажа голем оптимизам“, дознава Агенцијата.

МИА вчера јави, повикувајќи се на свои извори, дека пораката од Франција е дека крајната одлука ќе ја донесе самиот претседател Емануел Макрон, и дека не е исклучено тоа да се случи на Европскиот Совет на 17-ти октомври, наместо на министерскиот состанок во Луксембург на 15-ти.