Независниот полициски синдикат денес организира протест на кој вработени во полицијата, шумска полиција, судска и затворска полиција, го изразуваат својот револт поради ниските плати, но бараат подобрување на работните услови и враќање на достоинството на оваа професуија.
Како дел од протестот стотина возила блокираат дел од сообраќајниците во Скопје.
Според Орце Коцевски, генерален секретар на Независниот синдикат на полицијата (НСП) едно од барањата е зголемување на платите за 25 %.




