Захариева: Никогаш поддршката за Македонија не била безусловна

„Нашата поддршка за европската интеграција на Македонија никогаш не била безусловна. Ние не ги поставуваме условите за прв пат сега “ изјави вицепремиерката и шефица на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.



Изјавата на Захариева доаѓа по состанокот итно свикен од претседателот Румен Радев, на кој се разговараше за претстојниот датум на кој Македонија треба да добие покана за влез во Европската унија и за стратегијата што треба да ја преземе Бугарија, со оглед на тоа изјавите на бугарски политичари дека Софија не треба да поддржи давање даум.

„Темата за Македонија отсекогаш била поврзана со многу јасен услов, а тоа се добрососедските односи“, вели Захариева.

„Уште во 2012 година, имаше уште една препорака да се започнат преговори за членство на Македонија во ЕУ. Во тоа време, Бугарија заедно со другите земји рекоа дека не можеме да го поддржиме нејзиното членство затоа што недостасуваа добрососедски односи. Не постои начин да се стремите да станете членка на ЕУ, доколку имате нерешени билатерални односи “, вели Захариева.

„Очигледно, с.Македонија е национална кауза за Бугарија. Историските теми се најблиску до нашите срца и се видливи, но има многу повеќе работи во нашата политика кон с. Македонија – економија, туризам, поврзаност, култура, образование, роаминг и друго “, додаде таа.