Министерот за здравство Венко Филипче како смешни ги карактеризира обвинувањата за злоупотреба на положбата при продажбата на фирмата Диамед која стопанисува со дел од Центрите за дијализа на шведската компанија Дијаверум.



Филипче потврди дека, заедно со директорот за Фондот за здравство, Ден Дончев, го предупредиле странскиот инвеститор дека се води истрага за концесиите за дијализните центри, а за тоа дознал од Обвинителството кога побарале документи од министерството.

„Мислам дека такви обвинувања навистина смешно е да се прават. (Дијеверум-н.з) влезе на нашиот пазар работи активно во сферата за дијализа. Мислам дека сето тоа нема никаква смисла ниту пак основа за да се прави, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство, пренесува Сител.

Од обвинителството за Сител информираа дека предметот (кој во јавноста е наречен Рекет 2) е прераспределен кај јавен обвинител кој ги итражува наводите во кривичната пријава против Дончев и Филипче.