“Ваљда Коста Петров им ги смислуе пи-ар кампањиве сеа… 😉 Ама џабе”, му порачува професорот Апасиев на заменикот министер за економија Кирил Колемишевски тролајќи го новиот потпретседател на СДСМ Коста Петров кој е ПиАр експерт.
“Лицемерието и неспособноста на оваа клептоманска власт, во спрега со олигархијата која профитира од загаденоста на воздухот, е експлицитно видлива во случајот со заменик-министерот за економија – Кирил КОЛЕМИШЕВСКИ. Додека Колемишевски, како член на Влада која не успеа да исполни ниту една мерка од Планот за чист воздух, со лош PR ја замајува јавноста со маргинални решенија (садење три дрвца со тагирање по фб), неговата адвокатска фирма се јавува како правен застапник во тужбите на озлогласениот „Еуромакс“ против зелените активисти од Југоистокот, кои доследно се бореа за затворање на рудникот на смртта „Иловица-Штука“, пишува Апасиев користејќи го хаштагот
#ДаНеСеЗаборавиКојНаКојаСтранаБил





