Премиерот Зоран Заев, во првата сесија од Самитот за Западен Балкан, во организација на „Економист“, денеска рече дека Европската унија ни вети, ако го исполниме тоа што го бараат од нас, тогаш и тие ќе го исполнат нивното ветување.
„Ако не одлучат позитивно, тогаш ќе го казнат најдобриот пример во Европа, а не само на Балканот, поради договорите со Бугарија и Грција, но и она што се случува во државата. Ние сме држава со функционални демократски институции, имаме дијалог со опозицијата, добар пример сме и за другите региони. Она што најмалку може ЕУ да направи е да продолжи да не потикнува“, рече Заев.




